FCA

Франко Превозник

“Франко превозник” значи дека продавачот ја испорачува стоката, оцаринета за извоз, до превозникот определен од страна на купувачот на назначеното место.

Ако испораката се случува во просториите на продавачот тој е одговорен за товарење. Ако испораката се случува на друго место, продавачот не е одговорен за истоварањето.