Логистика за Саеми

Forsped Logistics е во можност да Ви понуди превоз на вашето карго до одредишното место и негово враќање после завршувањето на саемската манифестација.

Во тој контекст треба да се обрати внимание на точниот датум на утовар и истовар на каргото пред започнувањето и по завршувањето на саемските активности, како и на сите царински процедури потребни за извршување на меѓународниот транспорт.

Forsped Logistics има организирано голем број на транспорти за нашите редовни клиенти кои често пати се во функција на саемски излагачи. Пратките на голем дел од нив се вон габаритни, услуга за која можеме во секој момент позитивно да одговориме.